еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Вевчани подготвено: Утре почнува Вевчанскиот карневал

Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, а полни се и сместувачките капацитети, потврди за МИА градоначалникот Спасе Кочовски.

Според него, останале уште некои ситници околу организацијата.

– Манифестацијата „Вевчански карневал“ почнува утре напладне со отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ и настап на културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани. Вечерта за забавниот дел задолжени се ди-џеј Фејс и Жаре бербер, информира Кочовски.

Василичарскиот дел почнува следниот ден, традиционално на 13 јануари, напладне, со дефиле под маски низ вевчанските улици.

– Вечерта настап ќе имаат македонските уметници Елена Јовчевска, Сања Ристеска, Дамјан Стојаноски и Перо Бели, а Новата година ќе ја дочекаме со спектакуларен огномет. Сместувачките капацитети, иако во мал број веќе се полни со гости, а очекуваме голем број посетители и од околните места, истакна Кочовски.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања.

Секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Тешко повреден пешак од Кавадарци починал во Клиничкиот центар во Скопје

Редакција

Во Македонија нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврдат од АХВ

Редакција