еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Декември потопол од досегашниот повеќегодишен просек

Декември 2021 година се карактеризира како потопол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според метеоролошките станици во земјава, 19 дена од месецот било над пет степени во Берово и Прилеп, како и 29 дена во Гевгелија.

-Средната месечна температура варираше од -0,7 степени во Лазарополе до 5,9 во Гевгелија.

Споредено со многугодишните (1981-2010) декемвриски средномесечни температурни вредности, годишните (2021) се повисоки за 1,1 степен на ниво на држава.

Највисоката максимална температура 17 степени беше измерена на 6 декември во Струмица, додека најниската минимална -13,2 на 23-ти во Берово.

Средната максимална температура варираше од 2,3 степени во Лазарополе до 10,5 во Гевгелија, додека средната минимална температура беше од -3,4 во Лазарополе до 1,5 во Гевгелија, наведува УХМР.

Во декември 2021 година месечната сума на врнежи варираше од 38 милимитери во Скопје – Зајчев Рид до 140 во Маврово, согласно конвенционалните мерења.

-Врнежите беа регистрирани на целата територија на државата во текот на првите две декади од месецот во вид на дожд, додека на повисоките планински места беше забележен и снег, замрзнат дожд и лапавица.

Максималната дневна сума на врнежи од 43 милиметри беше регистрирана во Берово на 7-ми во месецот. Максимална снежна покривка во Лазарополе од 44 сантиметри беше регистрирана на 11 декември, во Маврово 58 сантиметри беа измерени на 18-ти и на Попова Шапка 96 сантиметри на 12 декември.

Споредено со декемвриските многугодишни просечни суми (1981-10), измерените декемвриски (2021) врнежи беа просечни на ниво на државата, информира Управата.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија влезе во рецесија

Редакција

Врвен мотивациски перформанс на Ана Дорник во Скопје

Редакција

Откажан забавниот дел на Вевчански карневал, минимално дефиле на маски

Редакција