еМагазин
Локално

(Видео) Акција на МВР во Битола и Прилеп: Откриени „еден куп“ нерегистрирани возила во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 183 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 86 санкции, меѓу кои, 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, седум санкции за правни и одговорни лица…“ соопшти Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порача тој.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три трафики изгореа на „Кеј 13 Ноември“ во Скопје

Редакција

43-годишна жена починала додека била на преглед во ГОБ „8 Септември“

Редакција

Приказни од плакарот, животот на ЛГБТИ+ лицата меѓу четири ѕида: Уметничка инсталација на улица Македонија

Редакција