еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Алармантно: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов

Ендемичниот вид Охридска пастрмка безмилосно се изловува, независно забраната за риболов во време на мрест.

Снимките што до медиумите ги доставија членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид покажуваат дека токму плодно созреани единки на пастрмката се заробени во мрежите на рибокрадците.

– Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро.

За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки, стои во дописот од „Амфора“.

Нуркачите од „Амфора“ досега имаат реализирано бројни активности за отстранување изгубени и заборавени рибарски алати, како и еколошки акции за подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското Езеро.

Експертите од Хидробиолошкиот завод години наназад предупредуваат дека Охридската пастрмка (Salmo letnica) ја губи битката со антропогениот фактор кој е виновникот за драстичното намалување на нејзината популација.

Според нив, за намалувањето на вкупниот рибен фонд во Охридското Езеро влијаат многу фактори, но најголем предизвик за рибите, вклучувајќи ја тука и пастрмката и нејзиниот опстанок, е прекумерниот излов што се одвива на двете страни од езерото.

МИА/Фото/видео: Амфора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата во еврозоната во мај со нов рекорд од 8,1%

Редакција

Починаа осум лица од Ковид-19, вкупно 3.018

Редакција

Махери за „валканштина“

Редакција