еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Апасиев физички нападнат во Благоевград, велат од Левица

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица, Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист, велат од партијата.

„Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!

Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат „Македонија”,“ велат од партијата.

Од таму додаваат дека „на денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.“

Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вербален инцидент на отворањето на клубот: Граѓанин побара од Мицкоски да зборува бугарски

Апасиев од Благоевград: За разлика од фашистичките клубови што се отвораат кај нас, ова е име на анти-фашист и на комунист

Фото: МИА/видео: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

45 македонски државјани во Дубаи имаат 55 имоти вредни 14 милиони евра

Редакција

Еврокомесарот Вархеји од Охрид во Софија на средби со Радев, Петков и Генчовска

Редакција

Истрагата за смртта на планинарите Калина и Александар тапка во место: „Трансверзалец“ и понатаму организира тури на планини

Редакција