еМагазин
Image default
Забава

(Видео) „Balkan Mayhem“: Нов сингл на „Brass Brothers“

Македонскиот бенд „Brass Brothers“ имаа релативно успешна летна сезона, исполнета со многубројни настапи во земјава. Момците од „Brass Brothers“ сега се враќаат на македонската музичка сцена со серија од нови музички изданија од нивниот прв музички албум.

Овие денови тие ја промовираат нивната нова песна Balkan Mayhem, која во исто време е и носител на истоимениот албум „Balkan Mayhem“. Новото издание е инструментален експлозивен спој на дувачки инструменти со драменбејс, Балкан бит и џангл стил и одлично ја доловува силната и фуриозна атмосфера од живите изведби на еден од најенергичните македонски бендови.

Повторно музиката ја потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.

„Balkan Mayhem“ е снимена во студио Алшар во Скопје, додека Микс и Мастеринг се изработени од Пауло ПГ од Бразил.

Огромен придонес во музичката реализација на „Balkan Mayhem“ имаат и долгогодишните музички брас соработници на „Brass Brothers“: Стефан Тасевски – соло алт саксофон, Иван Трајковски – тенор саксофон, Илија Мицев – соло труба, Стефан Илиев – труба и Александар Нинич – труба.

Видео записот за „Balkan Mayhem” е изработен со финансиска поддршка од Ганг Бистро – Вевчани и Liquid Caffe – Охрид. Како и останатите музички изданија на „Brass Brothers“ и „Balkan Mayhem” e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и дигитални музички продавници.

Brass Brothers е формиран пред осум години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (труба).

Brass Brothers функционираат како бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери „Време невреме“ на македонски јазик и „Inseparable“, „Winner“ и „Take My Hand“ на англиски јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември во партнерство со Државна лотарија

Редакција

Картите за меѓународниот танц натпревар „Dance off“ од денес во пред-продажба

Редакција

(Видео) Стартуваше новата македонска серија „Куќен притвор“

Редакција