еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Видео) „Божиќна серенада” традиционален божиќен дар од Бигорски манастир

Традицијата за возобновување на божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на Владиката Партениј, продолжи и оваа година.

– Божикната серенада како шести по ред традиционален божикен подарок од Бигорскиот манастир и бадниковите поворки е завршен и го предаваме на сите со најголема љубов. Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви. Христос се роди, објавија од Бигорскиот манастир.

Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна што на најубав начин ја покажуваат православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ.

Низ една филмска приказна не враќа во минатото во Битола, градот кој серенадата ја има како дел од својата културна традиција.

Никола Перевски -Пере Нокаут, Влатко Лозаноски – Лозано, Стефан Филиповски – Некст тајм и Димитар Андоновски, се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна којашто раскажува за една млада девојка, опеана како гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат, опоменуваат.

И шестата по ред возобновена Божикна каланда (песна), во себе го носи специфичниот византиски богат мелос. Возрасните коледари одат од куќа до куќа и ја пеат не само за Бадник, туку и низ целиот седумдневен празничен период, заклучно со Св.Василиј и Нова Година. Тие весело ги повикуваат домаќините да одат во Црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

Видео записот ќе остане вечен сведок за мисијата на Бадниковите поворки како народен, културен и духовен проект.

МИА/Фото/видео: Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела Македонија останува во фаза 4, подниво 3: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Седум починале: Вкупно 870 лица во Македонија по втор пат заболеле од Ковид-19

Редакција