еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Во Врање лани вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

Во Врање заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

На граѓаните на Врање и Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 и на граѓаните на Босна и Херцеговина, 29 дози.

Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм – 72.098 дози.

Фајзер бил даден во 35.275 дози, руски Спутник-В во 8.243, а АстраЗенека во 932 случаи.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го усвои Буџетот за 2021 година, на гласањето не присуствуваше опозицијата

Редакција

КЗК бара мислења за преземањето на „Скопски пазар“ од „Современ дом“ и „ЗСФ-КОМ“

Редакција

Предлог преговарачката рамка, без Протоколот, стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

Редакција