еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Бугарите во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка: Димитриевски за БНТ1

Во гостувањето на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски рече дека Бугарите ќе бидат запишани во македонскиот Устав без никаков проблем, но кога ќе има реципроцитет.

-Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем, кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка.

Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете македонското малцинство, рече тој.

Димитриевски потенцираше и дека Бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека тие настанале после 1946 година.

Тој посочи и дека во периодот 1941-1944 година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не се извинила.

-Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите кадешто пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што и тој бил окупатор, не бил администратор. Значи, нас не окупира.

Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војска и полиција во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија, рече Димитриевски.

Фото: Димитриевски/Фејсбук/видео: БНТ1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин Ви посакува среќна и успешна 2020 година!

Редакција

ЗНМ: Обвинителство треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле

Редакција

Скоро 50% од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против голема кашлица

Редакција