еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Бугарски пратеници, министри, полициски функционери изнајмувале жиголо, некои не му платиле, па пред камера тој си ги бара парите

Бугарија ја тресе скандал откако машкиот ескорт Јордан Јорданов обелодени дека негови сексуални услуги користеле пратеници, министери и високи функционери на полицијата, пишуваат бугарските медиуми.

Меѓу нив е и градоначалникот на Свиштов, од редовите на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, Генчо Генчев, како и советник во општината, кој се соочи со ескортот, кој дојде со телевизиска екипа од него да си ги бара парите кои не ги добил.

– Не сте си ги платиле сексуалните услуги. Еве сте гол во хотелската соба. Така ли треба да изгледа еден лекар и општински советник? Зошто бегате ќе си платите ли за сексуалната услуга, трчаат по него новинарот на телевизијата Нова и жиголото, додека советникот бега прво низ ходниците на општината, а потоа и низ улиците на Свиштов.

Еден од редовните клиенти според ескортот, бил и актуелниот градоначалник на Свиштов.

– Пред две години имавме сексуални односи, беше платено, како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши, ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, вели за ТВ Нова, Јорданов.

Тој вели дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.

-Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога започнавме да имаме недоразбирање од финасиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред шест години почнав со сексусални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.

Видео/фото: ТВ Нова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале шест лица, дополнително пријавени уште петмина

Редакција

Расчистен воздухот во Скопје, препораки за празничните денови

Редакција

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет

Редакција