еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Чепреганов: Негативната енергија го шири Ковид-19, пандемии имало и ќе има затоа спортувајте, читајте, контрoлирајте ги негативните емоции

Професорот и доктор специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, Методи Чепреганов ја објаснува состојбата со пандемијата од Ковид-19 од психолошки аспект, како гостин во „Збор два“ на Општина Карпош.

Тој советува како оваа тешка криза полесно да се помине, бидејќи пандемии имало и ќе има.

„Оваа состојба е животно загрижувачка, хронична, пролонгирана стресогена состојба. Не верувам дека постои индивидуа на мајката Земја планета, која не реагира, а стресот е една најнормална физиолошка реакција на секој организам.

Одговорот на една стресогена состојба зависи од менталниот склоп на една личност. А, менталниот склоп на една личност е процес кој се прави со тек на многу, многу години.

Значи, кој како ќе реагира зависи од тоа како е ментално скроен, односно каков е неговиот психопрофил. Некој реагира хистероидно, некој панично, други со анксиозност, депресија или несоница. Некој го сфаќа тоа реално, но, од нашиот ментален склоп зависи како ќе реагираме на една стресогена состојба како Ковид-19.

На се што се случува околу нас гледаме со максимална продукција на емоции на психоемотивни напливи. Тоа е лошо. Зошто е лошо?

Затоа што секој покачен психоемотивен наплив афект, ја стеснува свеста и го пореметува логичното мислење. Ако некој смета дека вирусот не постои и може да го победи со една интолеранција спрема состојбата, прави голема грешка.

Овде има едно решение. Сите мерки кои се пропишуваат а се превентивни, се единствена заштита, не само за овој вирус, затоа што пандемии имало, има и ќе има. Тоа е нормална работа, микроорганизмите се околу нас.

Кое е решението? На менталниот склоп на една личност треба да се инсистира да ги прифати тие мерки, да ги спроведува, да има самосвест и одговорност. Тоа за мене е единственото решение.

И да, ова е непријатно, знам, тешко не може да се издржи, стега голема. Но во име на животот, мора да го поднесеме. Младоста носи со себе многу хормони. Пандемијата е стресогена, пролонгирана стресогена состојба.

Таа прави дисбаланс на три системи, прво на хормоните младите ги имаат многу, адреналинот е многу покачен и тоа им го зема паметот. Тоа ги прави да бидат неконтролирани. Неконтролирани, хистерични реакции се почести.

Вистината е во тоа, колку личноста е зрела да може да го контролира тој деструктивен нагон, што го создава тој дисбаланс. Е тука е решението во личноста.

Масовните собирања треба да се избегнуваат, да ги нема, затоа што овој вирус е друштвен. Тој бара еден, два, три, пет души и се пренесува. Главните симптоми кои ги прави овој вирус се анксиозност, депресија и несоница.

Спортување ДА, по домовите, читање на книги, интелектуална работа. Значи секој мора да си најде некакво олеснување да може негативната енергија да не раковиди со нас, туку ние да ја раководиме. Со таа негативна енергија ја шириме пандемијата,“ вели Чепреганов.

Фото/видео:Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Големиот наплив на печалбари деновиве не може да донесе ништо добро во епидемиолошка смисла

Редакција

Одбраната на Камчев тврди му е влошено здравјето и дека врз него се врши тортура

Редакција

Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО

Редакција