еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски со група граѓани се упати кон Свети Спас

Делегација предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и група граѓани од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се упати кон црквата Свети Спас каде ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО ДПМНЕ заедно со патриотскиот институт со овој марш сакаат да го одбележат денот на раѓањето на Гоце Делчев.

„Тоа што не разочарува и создава едно посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот и дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите можете да видите денеска во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок прв степен, хеликоптери летаат или можам да заклучам дека не само што не ги решиле, туку и ги продлабочиле, нагласи Мицкоски, додавајќи дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде за сите,“ изјави Мицкоски.

Пред црквата Свети Спас, односно пред безбедносната зона има собрано околу 500 граѓани.

МИА/Фото/Видео: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 3.280: Од Ковид-19 починаа 15 лица

Редакција

Затвор и конфискација на имотот на Мијалков за случајот „Трезор“ побара Обвинителството

Редакција

Горан Сладиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

Редакција