еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Детали од МВР: Како изгледа тунелот кој го ископале затвореници од „Идризово“

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречиja организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, информираат од МВР.

„Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите.

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот,“ се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Јовановски е нов директор на „Идризовo“: По откривањето на тунелот, сменет е Шпенд Тахири

Како на филм: Во „Идризово“ затвореници со високи казни ископале 60 метри тунел и се подготвувале за бегство

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коронавирусот „влезе“ во уште една штипска конфекција

Редакција

Детален преглед на состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Грција ќе обезбеди помош на границите со Македонија и Албанија за непречена размена на добра во рамките на Зелен коридор

Редакција