еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Најмалку 32 загинати во судир на товарен и патнички воз во Грција

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи синоќа кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Најголем дел се студенти: Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција

Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.

Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.

МИА/Видео/фото: onlarissa gr/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

Редакција

Тендер „тежок“ 27.500 евра: Апелациониот суд Битола купува патничко возило

Редакција

Детален преглед: Какви промени носи имплементацијата на законот за употреба на јазиците?

Редакција