Тимот на „Семос Едукација“ организираше целовечерен колоритен настан во духот на Оскарите на кој беа доделени 20 „Semos Academy Awards“ за најдобритe студенти од вкупно 15 Академии и две награди за талент партнерите и општествено – одговорните компании, информираат од таму.
Беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за Општествено Одговорни Практики „Година на дарување”.
Покрај тимот на Семос Едукација, на церемонијалната вечер присуствуваа неколку стотини студенти од 15-те Академии на Семос Едукација и претставници од над 88 талент – партнери компании со кои соработуваат овие Академии.
Наградите ги освоија најистакнати студенти од генерацијата 2021/2022 година, за усовршување на својата наобразба на Академиите: Microsoft Data Science Институт, JavaScript Академија акредитирана од МОН, Академија за човечки ресурси акредитирана од МОН, Академија за Внатрешен дизајн акредитирана од МОН, помеѓу наградените има и студенти од Академијата за графички дизајн акредитирана од МОН-специјалистичко образование, Академии за веб дизајн, UX/UI дизајн, Game Development, вештачка интелигенција, човечки ресурси во IT сектор, дигитален маркетинг, индустриски дизајн, софтвер тестинг, и ИТ Академија за средношколци.
Две награди отидоа и во рацете на талент партнер компаниите, од кои, една за најактивно учество во академиите JavaScript и Automation Software Tester, за „IT Labs“ и награда за најдобар партнер на проекти од општествено одговорни практики за „ЈП Лајка“, Скопје.
Модератор и домаќин на настанот беше тв новинарката Миланка Рашиќ, која донесе свежина во духот на холивудските оскари и меѓудругото рече: „Ова се вторите најважни Academy Awards годинава, кои јас ги пренесувам во живо“.
Со поздравен говор до присутните се обрати сопственичката и генерална директорка на Семос Едукација, Валентина Тасева: „Изборот за кариера е еден од најважните избори зa секој човек, избор кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш ќе ве доведат до посакуваната цел. Вие го направивте вистинскиот избор“.
Изненадување на вечерта, беше актерското дуо Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои настапија со стендап.
На настанот беше промовирана и новата веб страница, посветена само на Академиите Akademii.semosedu.com.
“Семос Едукација, има и зошто да прославува, земајќи предвид дека повеќе од 27 години споделува знаење и досега успеа да креира успешни приказни за над 120.000 слушатели. Промени многу животи и над се, придонесе за развој на дигиталната писменост на многу генерации. Како прв ИТ едукативен центар во државава, воспостави нова димензија во дигиталната писменост.
Инспириран од подемот на најактуелните и најбрзо растечки професии на иднината, со над 50 сертифицирани предавачи, 400 ИТ курсеви и 15 Академии, со доквалификација, преквалификација и квалитетна едукација направи кариерни трансформации, кај многу луѓе, кои денес се професионалци во големи компании, сопственици на свои бизниси, успешни индивидуалци, а некои од нив и со светска кариера.
Опфати повеќе од 24 земји и успеа да ја стави Македонија на мапата на земји со квалитетен ИТ кадар кој високо котира и во меѓународните компании“, велат од таму.