еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Детална листа: Објавени списоците на корисници на финансиска помош за енергетската криза

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

Списоците се достапни на линкот ОВДЕ.

Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март.

-На веб-страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош), соопшти МТСП.

На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија се објавени корисници на оваа финансиска поддршка кои се приматели на ниски пензии односно тие што имаат пензија до 11.525 денари и тие што немаат поголема пензија од 14.000 денари, како и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

Агенцијата за вработување на својата веб-страница ги има списоците на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надомест.

-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected], информира МТСП.

Министетството наведува дека списоците на корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе биде отстранети од веб-страниците на МТСП, ФЗОРСМ и Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За пусти кликови македонските медиуми го умреа таткото на масовниот убиец од Младеновац

Редакција

Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Редакција

Компаниите од Македонија на удар: Германските производители на автомобили стопираат со производството

Редакција