еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компаниите од Македонија на удар: Германските производители на автомобили стопираат со производството

Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се нанесуваат на украинскиот народ, отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат економијата, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

„Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство. Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Северна Македонија.

Поради Виша сила, им се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во Северна Македонија.

Во Украина се погодени 30.000 работни места кај германски и 10.000 работни места кај други интернационални инвеститори од автомобилската индустрија,“ изјави Мартенс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: Дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Фото: Lenny Kuhne on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Редакција

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Редакција

Мицкоски бара слобода за Ламбе Алабаковски

Редакција