еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски бара слобода за Ламбе Алабаковски

Тоа е резултат или реакција на политиките на оваа криминална и анационална влада, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворањето на пејачот Ламбе Алабаковски.

Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, додавајќи дека тоа е реакција на сите погрешни политики на Владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.

-Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш, ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите.

Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарите го отворија центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за да некој го запали

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Ламбе Алабаковски ги „запали“ социјалните мрежи

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судски совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова

Редакција

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Редакција

„Комерцијална банка“ повторно ја „тресе“ берзата: Продадени два блока акции за 456.000 евра

Редакција