еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар.

Иста останува цената на Мазутот М-1 НС, кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен не поведе постапка за прекувремените работни часови за изградба на автопатите кои ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

Родители пријавени во полиција бидејќи ја малтретирале малолетната ќерка

Редакција

(Видео) Масовна миса со над 5.000 католички свештеници по улиците на Њујорк за подршка на Израел

Редакција