еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации, соопшти на денешната средба со новинарите државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески.

Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив.

Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје.

Со оглед тоа што ЈОРМ е во овие простории од 2013 година, ќе се утврдува дали податоците претходно се бришени, а ќе се истражува и дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа дополнително било направено.

Во оваа зграда се сместени Основното, Вишото и Републичкото јавно обвинителство.

Ќе се истражува и дали се снимале разговори во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое е сместено во друга зграда.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжува

Редакција

Двајца починати и 52 починати од Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Конечниот список со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен

Редакција