еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот „Монструм“ е исконструиран и нема доволно докази, тврди одбраната

Случајот „Монструм“ е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што има подалекусежни последици, бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор, порача денеска одбраната во завршни зборови за „Монструм“.

Според нив, очигледно е дека Обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.

Од друга страна, одбраната на семејствата на жртвите, во завршен збор на Судот му порача дека има обврска и кон семејствата, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година, и повторно побара екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.

Бранителот Насер Рауфи, во завршен збор, рече дека случајот „Монструм“ е синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што во нашиот случај има подалекусежни последици, бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор.

– Овој случај се водеше по стариот ЗКП и сметаме дека многу наши докази и предлози беа одбивани, а обвинителите беа многу попривилегирани. Да се водеше овој случај по новиот ЗКП ќе имавме право и ние да предлагаме и даваме вештачења и докази.

Ова го наведувам од причина што како бранители сме длабоко убедени дека се работи за исконструиран случај, рече Рауфи.

Посочи дека застапниците на обвинитението не успеале да го оправдаат ниту со своето допрецизирање на обвинителниот акт.

– Со допрецизирање треба да се напраи само корекција, а тие извршија класична измена на обвинението. Да беа коректни, тие требаа да направат ново обвинение и да и дозволат на одбраната да се подготви.

По девет години водење случај за тероризам да се изврши преквалификација на делото за две лица, а притоа Oбвинителството да не поднесе докази не се случило досега во мојата адвокатура, изјави Рауфи.

Очигледно е, рече Рауфи, дека нема докази и само голи индиции и не се докажаа претпоставките за можен мотив.

– Дека ова е целосно ксонструиран слуачај не е наша констатација, туку тоа е констатирано и во извештајот на Прибе, а се зборува и во американскиот Стејт департмент, рече Рауфи.

Дека случајот е исконструиран, според него, сведочи и тоа што веднаш по веста за петкратното убиство беа организирани протести против албанското малцинство.

– По изјавта на тогашната министерка за внатрешни работи со која 30-тина тогаш приведени беа означени како радикална група и некои биле членови на екстремистички и терористички организации. Со таа изјава дека се уапсени сторителите веднаш им пресуди, изјави Рауфи.

Ова според него, е за да се потсетиме како случајот се монтираше и кулминира со обвинение против седум лица.

Во однос на повлекувањето на загрозениот сведок Н1, Рауфи рече дека Oбвинителството морало да се откаже од фамозниот загрозен сведок, за кој рече дека бил пронајден два-три дена пред да истече рокот од 180 дена за поднесување обвинение.

– Уште тогаш Oбвинителството увиде дека без таа изнудена изјава не можат ништо, па го втурнаа тој сведок, изјави Рауфи.

Одбраната на семејствата на жртвите, на почетокот се приклучи на кривичниот погон и завршните зборови на Oбвинителството, и преднајави оштетно побарување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на жртвите од „Монструм“: Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012

Законскиот застапник на оштетеното семејство Тричковски, Дафинка Ивановска во завршен збор му порача на судот дека имаат обврска и кон семејството на убиениот Кире Тричковски, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година.

– Цели три години се одржуваа рочишта, се слушаа бомби кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на пресудата, но по преслушување на бомбите не се утврдија некои факти, освен што се одржаа многу рочишта и се одзеде многу време за да се донесе пресуда, рече Ивановска.

Во однос на повиците и барањата за меѓународна поддршка во случајот, адвокатката Ивановска, порача дека треба да се направи таков притисок и за меѓународа поддршка и екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.

– Зошто така не се побара меѓународна поддршка и помош за екстрадирање на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, порача Ивановска.

На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, вели Пендаровски за палењето на центарот „Ванчо Михајлов“

Редакција

Нови осум лица заразени со корона вирусот во Прилеп, вкупно 46 случаи

Редакција

Минималната синдикална кошничка во јануари пораснала за 770 денари

Редакција