еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија, вели Спасовски

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостувањето на Телевизија 24, рече дека интензивно се работи на откривање на сторителите, посочувајќи дека од 19 октомври па се до денеска се опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави.

-Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја, туку со истото се соочуваат и земјите од регионот.

Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.

Тој додава дека новото упатство прави проценка на ризик, па оттука и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата.

Спасовски, посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училиштата ќе бидат дополнително обезбедувани од полицијата за да има непречена настава поради дојавите за бомби

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесена наредба за мерки на мобилизација, организација и распоред на работата и работното време на здравствените установи

Редакција

(Видео+Фото) Педофилски скандал ја стресе Грција: 12-годишно девојче силувано и принудувано на проституција

Редакција

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот

Редакција