еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Заменик министерот во МВР, Буши престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање е 20 илјади евра, објави албанската телевизија Ора њуз

Заменик министер во македонското МВР,  Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел во Истанбул, објави албанската телевизија Ора њуз.

-Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри, објави Ора њуз.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман, објави Ора њуз. (За да го погледнете видеото и целата сторија на телевизијата, одете директно на Јутјуб).

Според телевизијата во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки.

-Едноставно пребарување на Booking покажува дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20.000 евра. Може ли тој да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра?

Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице патувал Буши во Истанбул во октомври 2020 година?, коментира телевизијата.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сонце и снег во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија

Редакција

Гужви и собирања на граѓани во Тетово пред банките поради издавањето на државните платежни картички

Редакција

50% од починатите од Ковид-19 донесени на лекување предоцна

Редакција