Турција го престави првиот домашен електричен автомобил, кој лично го испроба турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Како што пренесуваат турските медиуми предвидено е целосно електричниот автомобил да има две конфигурции на моторот: од 200 коњски сили или 400 коњски сили.
Производните погони каде што ќе се произведува треба да бидат завршени во 2021 година, а првиот автомобил ќе биде произведен во 2022 година.
Електричниот автомобил ќе се произведува во пет различни модели во количество од 175.000 парчиња годишно.
Автомобилот ќе има радиус од 500 километри и литиум-јонска батерија од домашно производство која, според тамошните медиуми, ќе може да се наполни до 80 отсто за помалку од 30 минути.
Фото/видео: Фејсбук/Ердоган/TV100
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.