еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Нема повредени: Голем пожар во фабриката „Жито Битола“

Девет пожарникарски возила со 22 пожарникари го гаснат пожарот кој попладнево во 17:20 часот избувна во поранешната фабрика „Жито Битола“ што се наоѓа на јужната страна од градот.

Од Територијалната противпожарна единица во Битола иинформираа дека нивна екипа веднаш интервенирала, а по согледувањето на сериозноста на пожарот активиран е целиот потенцијал со кој располагаат исклучувајќи ги пожарникарите кои се во изолација заради ковид-инфекции.

По добиените информации за пожарот во поранешна „Жито Битола“ реагираше и градоначалникот Тони Коњановски, кој потврди дека ги контактирал сите надлежни служби за брза интервенција, а разговарал и со министерот во Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Важно е што нема повредени лица. Мобилизирани се сите пожарникари, а побаравме помош и од соодветни екипи на РЕК Битола. Разговрав и ги информирав ЦУК, министерот Оливер Спасовски, како и колеги од соседните градови да помогнат доколку пожарот ги зголеми размерите, истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Вечерва со соопштение до јавноста излезе СВР-Битола од каде информираат дека на терен се излезени и полициски службеници за координирање на сообраќајот и јавниот ред во тој дел на градот.

– До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот, соопштија од СВР-Битола.

Превентивно, во овој дел на градот исклучена е електричната енергија, а сообраќајот се одвива со посебен сообраќаен режим.

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две години од почетокот на војната во Украина, нема абер да заврши

Редакција

Само во Македонија: Фекалиите од зградата ги испуштал на улица

Редакција

Елена Ристеска во бизнис води, отвори продукција за млади таленти

Редакција