еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Грците бесни: Тие во карантин, а премиерот Мицотакис на ручек со 30 лица

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повторно е на удар на јавноста откако викендов присуствуваше на ручек на островот Икарија на кој имало околу 30 лица, а истиот бил организиран од пратеникот од неговата партија, Нова Демократија, Христодулос Стефанадис.

Социјалните мрежи се преполни со негативни коментари, а од опозициските СИРИЗА и Движење на промена, посочија дека станува збор за провокативно однесување, ароганција на Владата и за прекршување на мерките.

Стефанидис, пак во соопштение вели дека го поканил премиерот на непланиран и краток ручек, согласно мерките и протоколите, во надворешниот дел, со употреба на маски и ограничен број луѓе на масите.

Мицотакис по втор пат е на мета поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Во декември лани на социјалните мрежи беа објавени фотографии од него додека вози велосипед на планина во близина на Атина, со што не ја испочитува мерката за забрана за движење, а плус и се фотографирал со неколку лица, а никој од нив не носел маска, со што ја прекрши и оваа мерка.

Фото: Фејсбук/Мицотакис/видео: News247gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема трагедија: 10 лица загинаа во сообраќајка во која косовски автобус излета од автопат во Хрватска

Редакција

(Видео) Зоран Милановиќ „хит“ на Балканот: Химна му пееше Јосипа Лисац, а тој заврши со стихови на ЕКВ

Редакција

„Европа не нè разбира“ – бугарски интелектуалци против меморандумот за Македонија

Редакција