Меѓународниот аеродром во Хонг Конг ги откажа сите летови поради протестите што траат веќе 10-та недела во таа држава.
Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања откако демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.
Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија „Катај пацифик“, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, незаконските протести.
МИА/Фото/Видео: Bloomerg/BBC/Washington post
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.