еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Холандските граничари им запленуваат сендвичи на Британците: „Добродојдовте во Брегзит“

Холандската гранична полиција ги запленува сендвичите кои содржат сувомеснати производи од Британците кои влегуваат во Холандија, а откако стапија на сила новите правила предвидени со Брегзит, објави Би-би-си.

Повеќе британски медиуми ги пренесуваат снимките од Холандија на кои може да се види изненадувањето кај британските патници, кои според новите правила не смеат да внесуваат сувомеснати и млечни производи во ЕУ, но и други видови храна.

Во прилогот објавен од холанската телевизија „1В“ се гледа како полицаец го прашува возачот дали во пакуваниот сендвич има месо.

Кога возачот потврдно одговара, полицаецот вели: „Во ред, ќе ви го земеме“.

Изненадениот возач потоа прашува дали може барем да го задржи лебот, а  полицаецот одговора: „Не, сѐ ќе земеме. Добредојдовте во Брегзит, жал ми е“.

Фото/Видео: ЕПА/Youtube/Guardian/1V

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Симеска Димоска, поранешната директорка на ДПИ, чиј затворски притвор е заменет со куќен

Редакција

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување

Редакција

Скопје и Ниш ќе се поврзуваат со воз, парите за изградбата не се обезбедени

Редакција