еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Илјадници граѓани и на вториот протест против “францускиот предлог“ пред Владата

Пред Владата синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки.

Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.

И синоќа учесниците упатуваа пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Се интонираѓе националната химна, а преку разглас се пуштаа патриотски песни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје

МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Со неверојатно светлосно шоу отворен Вухан, од каде се почна

Редакција

(Фото) 29-годишниот Амар Исмани е загинатиот пејач во престрелката на „Пластичарска„

Редакција

Целта на отварањето на бугарските здруженија со вакви имиња е да го забави зачленувањето во ЕУ, вели директорот на Агенцијата за разузнавање, Муслиу

Редакција