еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Како беше пречекана Фон дер Лајен

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево, на платото пред Владата, со највисоки почести ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

На официјалниот пречек присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Фон дер Лајен е придружувана од еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, а на Меѓународниот аеродром Скопје беше пречекана од вицепремиерот Маричиќ.

Фон дер Лејен вечерва се очекува да има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Со посетата на земјава, Фон дер Лајен ја почнува турнејата низ Западен Балкан која ќе трае до  29 октомври. Главната порака која се очекува да ја пренесе претседателката на Европската комисија е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот. 

Како што информираат од Делегацијата на ЕК во Скопје, Фон дер Лејен за време на посетата на земјава ќе ја претстави дополнителната поддршка што ЕУ ќе и ја даде на Македонија и на регионот за да помогне во ублажувањето на актуелната енергетска криза. 

МИА/Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

Редакција

Ќе се укине ли амнестијата за хашките предмети?

Редакција

Која е приватно идната министерка Ангеловска: Парите ги троши на патувања

Редакција