Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на „Евровизија“ под реден број шест со песната “Here I stand”. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.
Евровизијата, која е 65-та по ред, се одржува, во Холандија.
Претходно, премиерот Зоран Заев преку Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имаат можност, да гласаат за македонскиот претставник.
Од земјава ние, како и сите други држави учеснички, не може да гласаме за својот претставник.
Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи во сабота на 22 мај.
МИА/Фото/видео: Eurovision Song Contest
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.