Синглот „Ред Сафари“ е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим.
По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.
По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари“ е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.