Техничкиот премиер Оливер Спасовски јавноста го познава низ призма на работата како министер за внатрешни работи. Но во видеото „30 прашања“ зборува и за помалку познати факти од неговиот приватен живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОРТРЕТ: Оливер Спасовски, од адвокатски приправник до технички премиер
Утрото го започнува со подготовка за работа и појадок со ќерките. Омилена песна на сите времиња му е „We are the chamipions“. Негово прво милениче бил папагалот Кико. Омилен спортист на сите времиња му е Кирил Лазаров. Прво што работел е приправник во адвокатска канцеларија. Ужива да се дружи со неговите ќерки. Најлоша навика му е што избувнува, а најдобра истрајноста.
Министерската работа со три збора ја опишува како работа, ред и дисциплина. Најтешкиот дел од неговата работа му е да го почитува протоколот и безбедносните мерки. Најомилен дел од работата му е полицијата да биде блиска со граѓаните.
Доколку би можел професионално да се занимава со одреден спорт, тоа би бил ракометот. Кога не би бил политичар, би бил адвокат. Најлудата работа на работно место што му се случило е кога, еден од соработниците му рекол: „каде одиш многу ти е рано“.
Џовани Фалконе е историската личност со која би сакал да вечера, доколку имал можност. Работа која што никој не ја знае е што зборува ромски. На 18-годишниот Оливер би му рекол да биде чесен, бидејќи тоа никој не може да му го земе. Најдобриот совет што го добил е „продолжи, не застанувај“.
Политичар од опозицијата кого најмногу го цени е Митко Јанчев. Омилена храна му е домашно топло лепче, убаво испечено, а најнеомилени му се виршлите.
Како министер најгорд е на безбедносните реформи, реконструкција на 43 полициски објекти, набавка на опрема и униформи на полициските службеници и со зголемени плати.
Решението на проблемот со стечајните работници, го смета за најдобра мерка на Владата. Она што не успеал за овие две години е да ги направи полициските станици енергетски ефикасни.
Марвеловите јунаци му се омилени супер херои. Да има супермоќ би направил да нема неправди во светот и сите дечиња да бидат среќни. Ако животот би му бил филм би се викал „Време за големи нешта“. Омилена реплика од филм му е „I will back“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Која е Царовска приватно: Сака да сними дует со Бредли Купер, омилен филм и е „Џокер“
Фото/видео: Влада/СДСМ