еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Масовен протест на граѓаните во Белград: Се најавува и во други градови

Илјадници граѓани учествуваа на протестот во Белград синоќа, под мото „Стоп за крвавите кошули“ во знак на противење кон власта.

Според организаторите на собирот, на ова трета по ред протестна прошетка низ улиците на Белград учествувале околу 40.000 „незадоволни граѓани“.

Со протестот, тие сакаа да потсетат на сите напади на граѓаните, новинарите, активистите, невладините организации, кои се случуваа изминатиот период.

Граѓаните протестот го започнаа пред платото на Филозофскиот факултет, а започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во судирот на автобус и воз кај Ниш.

Фото/видео: Insajder Video

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија повик за петдневен бојкот на најголемите ланци на маркети

Редакција

(Фото) Топлото време ја продолжи летната сезона во Грција, температурата на водата 25 степени

Редакција

Грција згрозена: Пилот ја уби сопругата и го обеси семејното куче

Редакција