еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Медитеранската бура „Јанос“ направи пустош низ Грција: Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици

Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици, материјална штета, остави зад себе невремето предизвикано од циклонот Јанос во западниот и централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во областа Тесалија, во два одвоени случаи, без извлечени безживотните тела на две лица, првите жртви од силното невреме.

Циклонот Јанос предизвика сериозни материјални штети во повеќе делови на Грција, без струја останаа острови во Јонско Море, дел од пругата меѓу Атина и Солун претрпе штета и создаде проблеми во железничкиот сообраќај.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од почетокот на невремето во четвртокот вечерта, заклучно со рано утрово добиле 2.450 повици за помош, а интервенирале во спасување во 619 случаи.

Во регионите погодени од медитеранскиот циклон, по наредба на грчкиот премиер, заминуваат заменици- министрите за внатрешни работи и земјоделство и генералниот секретар за инфраструктура.

Кирјакос Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека „главната грижа во напорите е заштита на човечките животи“, а лично тој е во континуирана комуникација со Секретаријатот за цивилна заштита и надлежниот министер.

МИА/Фото: Фејсбук/Видео: LamiaFM1.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Вучиќ и Радев заедно открија споменик на Свети Кирил и Методиј во Димитровград

Редакција

(Вознемирувачко видео) Албанец застрела три момчиња пред клуб во Атина, едното е во критична состојба

Редакција

Србија бега од потпишување, останува на ЕУ да најде механизам овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки, вели Курти

Редакција