еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Могерини не го предомислила Мицкоски за референдумот

„ВМРО-ДПМНЕ ставот не го гради врз основа на чувства, ВМРО-ДПМНЕ ставот го гради врз основа на онаа навигација која што ја доби од граѓаните и врз основа на сите оние информации кои што ги добиваме од средбите со нашите пријатели од меѓународната заедница, но и оние средби со граѓаните.

Нашиот став е изграден потврден од телата на партијата од, Извршниот комитет, едногласно од Централниот комитет, така што ВМРО-ДПМНЕ, го кажа својот став и јас сега не би го повторувал и нема промени во истиот„, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Никој во историјата македонскиот народ не го камшикувал, па нема тоа да му го дозволиме ниту на Зоран Заев

Средбата со еврокомесарката Могерини помина во еден пријателски убав амбиент. Ги разменивме мислењата околу актуелните политички случувања во државата и ги кажавме нашите аргументи.Ја користам оваа прилика да се обратам лично до граѓаните на Република Македонија, а истото тоа е поврзано со неколку последни несреќни изјави кои што претседателот на Владата, премиерот Зоран Заев изминатите неколку дена егзибиционистички во свој стил, неконтролирано ги кажува за време на оние соочувања со граѓаните. Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија како што тоа го прави Зоран Заев изминатите денови.Затоа би сакал сите вас, граѓаните на Република Македонија, Македонците, но и останатите да ве замолам да го задржите вашето достоинство, да не потпаднете на провокации од страна на претседателот на владата, вие сте горди, вие сте достоинствени што живеете во оваа држава.Послушајте го вашето срце и разум како да постапите во својот живот, така и постапете на 30 септември.

Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 13 септември 2018

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сега нема постигната спогодба со осомничени за случајот „Рекет“

Редакција

Ракометарот Борко Ристовски сведочеше за „организаторите на 27 април“

Редакција

Промени на јужната граница нема, Македонија подготвена за евентуален нов бран бегалци

Редакција