еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Мукаетов: Регионот има капацитет да оди напред преку заедничко вмрежување, градење и инвестирање

За време на деветдецениското работење, Алкалоид е компанија која поминувала низ предизвици, но секогаш константа биле инвестициите, посочи генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов на церемонијата организирана од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF) за одавање признанија за најдобрите и најуспешни компании во регионот, на која Алкалоид беше прогласена за водечки инвеститор во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот

„Последните три децении посебно се посветивме на континуирано инвестирање во проширување на производствените погони, во нови технологии, во истражување и развој, и секако во добри и квалитетни кадри.

Во последните пет години посебно инвестиравме во регионот, ние си го доживуваме и третираме како домашен пазар и од тој аспект со инвестиција над 104,1 милиони евра, покажуваме колку нам ни значи регионот.

Мислам дека треба да ги бараме заеднички синергиите кои можеме да си ги пружиме едни на други и да бидеме многу поконкурентни, заедно да инвестираме, да градиме и да направиме едно влијание, за да ги задржиме младите луѓе да останат во Македонија и регионот, со цело нивно знаење кое го имаат, за да може нашите компании со нив заедно да одат напред.

Што повеќе отворени средби, што повеќе разговори, што повеќе вмрежувања, за заеднички да градиме една додадена вредност. Доколку се отвориме едни према други мислам дека можеме сериозно да одиме напред и да покажеме дека во овој регион има капацитет, има знаење и дека овој регион може да создава многу додадена вредност,“ рече Мукаетов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трошоците на општините за струја зголемени за 1 милијарда, а капиталните инвестиции намалени за 1,9 милијарда денари

Редакција

Нови 61 случаи на Ковид-19 од 678 тестирања

Редакција

Убава вест: Оздравени 403 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција