еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку две лица загинаа во гранатирање на станбена зграда во Киев

Најмалку 2 лица загинаа, а над три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев.

Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, пренесува „Киев Индепендент“.

Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

„Киев Индипендент“ пишува дека во моментов гори станбената зграда, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави фотографии и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

(Видео) Русите киднапираа двајца украински градоначалници, локалните жители протестираат

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Државна служба за вонредни состојби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот Танев за случајот со убиството на Денис Тот: Се работи само за една обична тепачка

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција