Синоќешниот настап на српскиот пејач Владо Георгиев во скопскиот угостителски објект “Мош“, ги „запали“ социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции во јавноста.
Од видеата кои се појавија на интернет се гледа дека присутните на настапот не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски.
Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски за „А1он„ изјави дека објектот е затворен и запачетувањето е направено денес. Објектот како што пренесува порталот не бил затворен поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, туку поради тоа што синоќа го пречекорил работно време до 1 часот по полноќ.
Инспекторатот мината недела на „Мош“ му поднел и кривична пријава.
Фото: Фејсбук/Георгиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.