Објавен е првиот тизер за филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.
Во филмот играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.
Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е Британецот Дејвид Манс, за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.
Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел.
„Врба“, светската премиера ќе ја има на 19. октомври на Филмскиот фестивал во Рим.
Врба – тизер 1 / Willow – teaser 1
Прв тизер за Врба, првиот македонски филм поканет на Римскиот филмски фестивал. Милчо Манчевски се враќа дома, во голема, голема форма. #врбаНаскоро во кината во Македонија.==The first teaser for Willow, the first Macedonian film selected by Festa del Cinema di Roma. Milcho Manchevski returns home in great, great form. #willow.Soon in the theatres near you.
Posted by Врба / Willow on Петок, 11 октомври 2019
Фото/видео: Фејсбук/Врба