еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Ослободителна пресуда за Елизабета Канческа Милевска во „Тендери“

Во Основниот кривичен суд Скопје, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше ослободена од вина за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Канческа Милевска која беше првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки, беа ослободени од вина, бидејќи, според Судот, Обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Процесот го водеше судијата Осман Шабани, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Стевчо Дончев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

МИА/Фото/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Ирена Јовева, првата европратеничка со македонско потекло

Редакција

Бугарија бара гаранции за проширување на ЕУ со Македонија, вели бугарскиот претседател Радев

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција