еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(ВИДЕО) Пелистерка ја промовираше првата македонска реклама на знаковен јазик

Македонската компанија Пелистерка ја промовираше првата македонска реклама истолкувана на знаковен јазик.

Станува збор за постоечката рекламна порака преку која нашата компанија информира зошто газираната и негазираната вода на Пелистерка се поинакви и подобри од останатите води, велат од компанијата.

„Сите наши потрошувачи, односно пријатели, ни се подеднакво важни. Во досегашните рекламни кампањи, се обидувавме да ги почитуваме различностите што се однесува до јазикот. Знаковниот јазик е признаен за официјалн јазик во Македонија, а ниту една компанија досега не снимила порака на знаковен јазик, упатена на своите портошувачи со оштетен слух. Токму затоа одлучивме да превземеме чекор и повторно да бидеме лидери. На нивниот јазик да ја испратиме нашата порака“, вели Јулија Цветковска, лице одговорно за односи со јавност во Пелистерка.

Во македонскиот медиумски простор, знаковниот јазик е многу малку застапен. Податоците до кои што стигнавме подготвувајќи се за оваа кампања, се фрапантни. Лицата со оштетен слух во Македонија се буквално на маргините, кога станува збор за програмата на нашите телевизии, велат од компанијата.

„Со ова сакаме да ги поттикнеме останатите македонски компании да превземат чекори. Да ја мотивираме конкуренцијата да направи нешто слично или доколу можат и нешто подобро. Еден не може се, но сите заедно можеме многу“, вели Цветковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проект на родителите и децата: Започна уредувањето на дворот на ООУ „Х.Т Карпош“

Редакција

(ВИДЕО) Повлечена забраната за прикажување на филмот „Ругање со Христос“

Редакција

„Виз ер“ продолжува да ги поддржува украинските бегалци: Бесплатни места се уште се достапни на летови од соседите

Редакција