еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендаровски во Охрид се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во Охрид оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Македонија како дел од неговата регионална турнеја во земјите од Западен Балкан.

-Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Северна Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување.

Тие се осврнаа и на воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза, информираа од Кабинетот на претседателот.

Истовремено, двајцата претседатели размениле мислења и за најновите идеи за создавање „Европска геополитичка заедница“,  при што од страна на претседателот Пендаровски било потенцирано дека секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, како што се стабилноста и безбедноста на европскиот континент и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена.

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

Предлогот да се одложи либерализацијата на поштенскиот пазар помина на Комисијата за транспорт

Редакција

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9% и инфлација од 2,2%

Редакција