еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Видео) Пет причини зошто е подобро да купувате облека он-лајн

Луѓето во денешно време претпочитаат да купуваат он-лајн наместо да одат од продавница во продавница, а најголема причина за ова е заштедата на време. Предноста се сотои во тоа  што со неколку клика се најавувате и го купувате производот, а  за 3 до 5 дена ќе ви биде доставено на дестинацијата која ќе ја одредите.

Ние ви набројавме пет причини зошто е полесно да купувате од дома, канцеларија или едноставно каде и да се наоѓате и ви ја препорачуваме он-лајн апликацијата на Fashion Group преку вашиот мобилен уред, Android или Iphone.

Заштеда на време

Не треба да одите од продавница во продавница и да чекате во редот со останатите само за да ги купите вашите омилени парчиња гардероба. Сега е едноставно и лесно во неколку чекори, со неколку клика, потребно е да се регистрирате на апликацијата на Fashion Group и да го изберете тоа што го сакате. Дефинитивно само така ќе заштедите на време.

Заштеда на транспортни трошоци

Он-лајн купувањето ви ги крати вашите патни трошоци. Пресметајте за една година колку би заштедиле со тие трошоци и со тоа ќе си ги купите вашите омилени парчиња на гардероба. Додека сте на работа за време на пауза или во вашиот дом вие ќе си нарачате и во рок од 3 до 5 работни денови ќе ви пристигнат таму каде што сакате.

Купувајте 24/7

Со фактот дека он-лајн продавниците работат 24/7, тоа значи кога ви одговара да си купувате дури и ноќе кога повеќето продавници се затворени и не сте ограничени со време. Тоа е одлично за вас, за да не бидете под стрес кога вие ќе стигнете во одредена продавница и дали ќе имате време да ги пробате и одберете парчињата облека кои вие ги сакате.

Попусти

Преку он-лајн продавницата постојано има одредена гардероба која е на  промоција и може да си ја одберете со одреден попуст. Со тоа заштедувате од сите можни аспекти.

Се што не ви одговара може да го вратите

Секогаш постои опција дека доколку вам не ви е соодветна големината на производот се врши негова замена, а има и можност за враќање на истиот ако не сте задоволни.

Наш совет е дека светските брендови како Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, Springfield, Steve Madden, Super Dry, Timberland, UGG, Women’s Secret кои се под групацијата Fashion Group на моибилната апликација и на fashiongroup.com.mk интернет продавницата може да купувате 24-7.

Исто така, можете да ја користите нивната лојалти картичка која нуди можност за акумулирање на поени и специјални поволности. Со мобилната апликација, освен собирање на поени, ќе имате многу дополнителни изненадувања.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Стразбур пресуди дека Македонија ќе треба да и плати отштета од 1.600 евра на Елена Доцевска-Божиновска за притворот за „27 април“

Редакција

Македонија не е меѓу нив: Кои десет земји се пласираа во финалето на Евровизија од втората полуфинална вечер

Редакција

(Фото) 20 години „Sport Life“ – лидер во индустријата на игри на среќа во Македонија

Редакција