еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Популарната плажа Навагио на Закинтос затворена за туристите: Земјотресот „откинал“ дел од карпа која паднала во море

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди грчките острови Кефалонија и Закинтос.

Од силината на земјотресот, пренесува Телеграф, дел од карпа се откинал и паднал во морето на популарната плажа Навагио на Закинтос.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат прашина откако камењата паднале во водата, а околу неа имало бродови.

Додека прашината се издига над водата, видеото покажува и како на некои капачи не им е грижа и продолжуваат да пливаат во морето, иако многу блиску до брегот.

Грчките медиуми, пак објавија дека донесена е одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони.

Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското море, западно од островите Кефалонија и Закинтос.

Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“.

Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

42-годишен маж од битолско загина во сообраќајка кај Меџитлија

Редакција

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Редакција

За 24 часа шест нови случаи на Ковид-19 од 2.887 тестирања

Редакција