еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 109 случаи на Ковид-19, оздравени 130, еден починат

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 672 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје – 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 27 реинфекции.

Регистрирани сe 130 оздравени пациенти од: Скопје – 74, Битола – 14, Берово – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Кочани – 4, Свети Николе – 3, Штип, Гевгелија и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76г). Лицето е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охридската болница почина едногодишно бебе

Редакција

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Редакција

Три нови случаи на заразени со коронавирусот во Велес, вкупно 58

Редакција