еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Охридската болница почина едногодишно бебе

Од СВР Охрид информираа дека бебе кое имало една година било донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата била констатирана смрт.

-Денес во 7:44 часот, во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство, информираа од таму.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, додаваат од СВР Охрид.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ: Ако ништо не се случи до јуни ќе страда самиот политички моментум

Редакција

Нека им служи на чест: Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид

Редакција

Убава вест: Нови 15 лица во Македонија излечени од коронавирусот

Редакција