Во Шангај денеска избувнаа протести поради карантинот како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, а низ цела Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години.
Во видео објавено на социјалните мрежи, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот на Шангај, стотици демонстранти извикуваа: „Си Џинпинг оставка“ и ја осудуваат кинеската Комунистичка партија, пренесе Бета.
Друго видео покажува луѓе кои се собираат во центарот на Шангај за да им оддадат почит на десетте лица кои загинаа во пожар во Урумчи во западниот регион Синџијанг, кои не успееа да излезат од зградата поради карантинот.
Во бројни извештаи на социјалните мрежи во Кина, се укажува дека настаните биле влошени од мерките против Ковид-19, бидејќи тие го забавиле пристигнувањето на помошта.
Властите ја цензурираат онлајн дискусијата за демонстрациите.
Breaking News:Chinese Protestors in Shanghai chanting “Xi Jinping, step down!Communist Party, step down!”
This is huge!
pic.twitter.com/mn1AeaN2EV— Inty (@__Inty__) November 26, 2022
Видео/фото: Твитер-Inty/Твитер-Philip Róin/CBC News