еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Прв комерцијален лет во вселената закажан за јануари 2022 година

Приватната компанија „Аксиом Спејс“ денеска откри дека ќе изврши прв комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (МВС), но тоа ќе се случи најбрзо во јануари 2022 година.

„Аксиом Спејс“ ќе лансира мисија која ќе биде прв лет досега кон станицата, која се наоѓа на 408 километри од Земјата, пишува „Индепендент“.

Мисијата веќе го доби името Ах-1 и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе бил астронаут на НАСА, бидејќи досега четири пати летал во вселената, а сега е потпретседател на „Аксиом Спејс“.

Останатите тројца членови на тимот се приватните инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе.

МИА/Фото: multivu.com/Видео: ABC News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе Урбанистички план за Интерконективниот гасовод со Грција

Редакција

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Редакција

По една недела најдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција