еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Русија во Украина користи хиперсонични ракети, за какво оружје се работи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск.

Во 2019 година Русија откри дека нејзиното хиперсонично оружје – „Авангард“ е оперативно, со што руската војска стана првата што поседува нова класа на нуклеарно оружје од кое другите војски моментално не можат да се одбранат.

Тие се сметаат за поспособни за маневрирање од конвенционалните ракети и се поспособни да ја избегнат противвоздушната одбрана.

„Авангард“ може да патува 27 пати побрзо од звукот и брзо да маневрира за да избегне системи за одбрана од проектили кои би се обиделе да го блокираат.

Русите тврдат дека таквите проектили можат да стигнат до цели на оддалеченост од повеќе од 2.000 километри.

САД и Русија со години работат на хиперсонични оружја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Путин со јакна од 14 илјади долари им кажа на Русите дека санкциите ќе ги направат посилни

(Видео) „Војната„ за шеќер во Русија продолжува

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

Фото/видео: The Sun/Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија

Редакција

Во Кинотека во јули, фокус на македонскиот игран филм

Редакција

Која е Душица Димитриеска, која е избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција